fbpx

Соопштенија

Османи може да менува само статут на ДУИ, македонскиот Устав не е предмет на поткусурување

 Соопштение до јавност

По денешната средба со туристички и здравствени работници во Охрид, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски даде изјава за медиуми. По изјавата за медиуми, Милошоски на новинарско прашање што смета за најавите на министерот Османи за промена на Уставот со цел да му се удоволи на источниот сосед одговори дека Османи може да коментира само промена на статут на ДУИ, а не промена на македонски Устав.

„Господинот Бујар Османи како член на ДУИ може да предлага менување на статутот на ДУИ, ако имаат за тоа потреба или ако за тоа чувствуваат некакви понуди или притисоци од своите членови. Но како министер за надворешни работи Бујар Османи нема право да го нуди македонскиот Устав бидејќи тој не е на распродажба и да ја отвора Пандорината кутија за да задоволи нечии големодржавни интереси“, истакна Милошоски.

Милошоски додаде дека  македонскиот Устав е сосем пристоен, демократски, европски Устав и нема потреба истиот да биде предмет на поткусурување.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости