fbpx

Соопштенија

На штета на имиџот на државата, Владата го предложи несоодветниот Фрчковски и доби непотребна дипломатска бламажа

Соопштение до јавност

Во денешната изјава од Охрид, Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, на новинарско прашање во врска со предлогот од Владата за амбасадор во САД за Љубомир Фрчковски којшто беше одбиен, Милошоски одговори дека истото е непотребна дипломатска бламажа на Владата која е на штета на имиџот на државата.

-Нашата констатација е дека ваква непотребна дипломатска бламажа каква што беше таа со Фрчковски на државата и нанесува штета на имиџот.  Прво, три години власта нема кандидат за амбасадор за Вашингтон, а потоа носи одлука на 8-ми февруари Фрчковски да биде кандидат и гледаме дека земјата домаќин, најважната наша земја партнер во НАТО, го оценува предлогот како несоодветен и неподобен. Сега гледаме дека Заев оди на таа варијанта за Њујорк, Обединети Нации или нешто слично, веројатно сака да го прати Фрчковски некаде каде што не е потребен агреман. Во земјите кои што имаат на билатерална основа амбасадори потребен е агреман, за секоја личност кандидат за амбасадор, во меѓународните организации не е потребен агреман.

Милошоски исто така појасни дека веројатно Фрчковски му е должен нешто на Заев, или Заев му е должен на Фрчковски, па гледаат дипломатијата да ја искористат како алатка за меѓусебно подмирување на тие долгови.

-Од наша гледна точка сметаме дека господинот Фрчковски не е личност која што може да ги претставува на соодветен начин интересите на Македонија ниту во Вашингтон, ниту во било која друга меѓународна организација, вели Милошоски.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости