fbpx

Соопштенија

Државава ја тресе нов скандал, вратен предлогот за Фрчковски за амбасадор во САД поради тепање на жени, нерасветлен атентат врз Глигоров и лустриран кодош, дали Заев го спрема за уставен судија или амбасадор во Белград?

Соопштение до јавноста

Државава ја тресе нов скандал, вратен предлогот за Фрчковски за амбасадор во САД поради тепање на жени, нерасветлен атентат врз Глигоров и лустриран кодош.

Заев со нов скандал за лице претставник на државава во најмоќната земја го прати Фрчкоски кој е женомразач, шверцер на нафта и цигари и министер кога се изврши атентатот врз Глигоров.

Неприфаќањето на Фрчкоски од страна на САД за амбасадор на Македонија е доказ дека Заев и дружината не поминуваат подалеку од Софија.

Фрчкоски е докажан женомрзач, тепач на жени, шверцер на нафта и цигари и министер во МВР кога се случи атентатот врз Глигоров.

Фрчкоски беше дел од владата на СДСМ која ја направи матната приватизација и во чие време се кршеше ембаргото кон Србија.

Зоран Заев ги понижи САД со испраќањето на Фрчкоски како амбасадор.

Зоран Заев направи дипломатски скандал, и ја посрамоти Македонија.

Фрчкоски е четврти дипломат кој му го враќаат сојузниците. Како четврти вратен се поставува прашањето дали Заев намерно ја поткопува западната алијанса и НАТО?

Дали Заев по шамарот од САД го спрема Фрчковски за уставен судија или амбасадор во Белград?

За кого работи Заев, за Македонија и НАТО сигурно не!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости