fbpx

Соопштенија

Панова:Тоа што Фрчковски нема да биде амбасадор во САД не би ме изненадило затоа што оваа Влада има многу недостатоци

 Соопштение до јавноста

Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за последната информација каде Љубомир Фрчковски нема да биде амбасадор во САД и според неа тоа не е воопшто изненадувачки затоа што и во изминатиот период се увиде дека оваа влада има одредени недостатоци.

Ова не е чудно. Видовме во изминатиот период дека повеќе високи функционери можеби немаат НАТО сертификат и оваа е џубокс влада затоа што видовме дека има одредени недостатоци во одредени кадри и не би ми претставувало изненадување ова да се случи сега и со амбасадорот. Сертификати немаат министерот за правда, министерот за внатрешни работи, сеуште официјално не излегле со информација или демант на тоа дека не поседуваат НАТО сертификатти, рече Панова во своето своето гостување.

Панова зборуваше и за работата во Собранието каде посочи дека тие како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ се секогаш таму, разговараат на сите теми и бараат транспарентен начин на почитување на Деловникот во Собранието.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ во Собранието разговараме на сите теми и не кочиме никакви процеси како што зборуваат од страна на власта. Ние само бараме транспарентен  начин на почитување на Деловникот и кога  има такви пратеници и знаат што сакаат тешко е да ни се спротистават и тешко е да не владеат, рече Панова во своето гостување.

Панова своето гостување говореше за вчерашното гласање на доверба на владата и посочи дека тука се поставува прашањето  дали тоа беша начин да се прикрие  распродавањето на националните интереси.

Активни сме во Собранието и секојдневно сме присутни, дебатираме  но и ни се случуваат изненадени ситуации како еве ова вчера со гласањето на доверба  за кои не беа известени ниту 62 пратеници. Но и ние бевме изненадени од целата ситуација но ајде да се увиде прашањето од поразличен аспект. Кога во историјата  или споредбено со некои други држави кога еден премиер сам си поднесол барање за гласање на доверба на Влада? Тоа би требало да биде само во исклучителни ситуации како што се воена состојба, вклучување со сојуз или одредена кризна состојба. Ни се наметнува прашањето  дали ова беше само начин како да се стегне обрачот околу и тако слабото, кревко владејачко мнозинство од 62 и да може да го стабилизираат со одредени работи или на повидок е одредено ново задолжување особено национално односно распородавање на национални  интереси кога станува збор за акциониот план со Бугарија? Ова се многу битни прашања кои во наредниот период треба да се отворат и да се затворат. Јас би го поставила прашањето затоа што Заев и СДСМ едно зборуваат, а сосема различно прават, ова се поставува како прашање што ќе видиме каков епилог ќе добие во наредниот период, кажа таа.

Панова запраша зошто вчера кога се собрало кворум во Собранието не се изгласа петтиот пакет на економски мерки кој има големо значање за граѓаните.

Ако видите дека надвор меѓу граѓаните владее сиромаштија,ако очекуваат да го добијат петтиот пакет на економски мерки тогаш би го поставила прашањето зошто кога се собра кворумот после еден месец и повеќе зошто не се стави  на дневен ред една ваква точка која би значела бенефит за сите граѓани, додаде Панова.

Пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување потенцираше дека од страна на власта и биле одбиени амандмани кои се однесувале на ранливите категории на граѓани.

Од страна на власта ми одбија многу амандмани кои се однесуваа на корисниците на социјални станови, на лицата кои што 62 години и 64 години кои не добиваат пензија да добијат помош. Имавме поднесено многу амандмани и како што се лицата со одреден хендикеп но тие не беа прифатени  од страна на власта.Ова се прашање за кои треба повеќе да се работи. Јас би рекла  дека ние работиме од наша страна, но би требало да добиеме поддршка и од страна на власта затоа што станува збор за многу ранлива категорија на граѓани. Ова е дел и од мојата кампања, кога бев кандидат за пратеник реков дека ќе се залагам за правата на  самохраните родители затоа што самата знам како е да бидеш самохран родител и колку постојат  законски пречки за да самохраните родители можат да добијат права кои оваа држава треба да им ги обезбеди.Најпрво треба да се направи измени во законот затоа што во Макеоднија не постои регистар на самохрани  родители.За ова се зборува од страна за невладини огранизации и се надевам дека ќе се најде решение на вакви горки проблеми, додаде Панова во своето гостување.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости