fbpx

Соопштенија

Мицкоски:Заев на сила протурка во Собрание гласање за недоверба на Влада, тоа е доказ за неговата огромна слабост и дека мнозинството лесно ќе го загуби

 Соопштение до јавноста

Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во Собранието. Јас ќе речам, бидете спокојни. Најдоброто за нашата земја допрва доаѓа.

Заев е мафијаш, тоа е дел од неговиот карактер. Тоа што на мала врата на сила протуркува во Собрание гласање за недоверба на Владата, ограничувајќи ја јавната дебата никако не е израз на неговата сила, туку е доказ за неговата огромна слабост, но и недоверба во мнозинството кое многу лесно ќе го загуби.

Тоа што ја користи состојбата на мојата изолација поради заразата со ковид вирусот, сакам да знаете дека не го спасува од паѓање на Владата. Вака ќе купи уште некој ден живот на Владата приклучена на апарати за дишење, но исто како и мојата ковид зараза тие денови ќе поминат. А тогаш повторно ќе се постави прашањето за доверба на Владата, при што сите негови актуелни закани, уценувања и притисоци врз пратеници ќе паднат во вода, и ден потоа Заев нема да биде премиер. Се гледаме наскоро!

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1808709249304526

Последни новости