fbpx

Соопштенија

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Бараме повлекување на точката за преименување на улици, денес блокада на булеварот Трајковски во знак на револт

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бара повлекување на точката за преименување на улици во градот Скопје што на утрешната седница на советот ќе се најде на дневниот ред.

Не е почитувана процедурата за менување на имињата. Не е одржана јавна расправа во која ќе бидат консултирани релевантни авторитети и институции за адекватноста на самите имиња. Спроведена е само анкета која нема никаква релевантност во целиот процес.
Шилегов со предлозите за менување на имињата на улиците прави идентитетско обезличување на Скопје и скопјани. Меѓу имињата кои ќе се сменат се Теодосиј Гологанов, Борис Сарафов, Мајка Тереза, Христо Батанџиев, Киро Глиглоров, Борис Трајковски...
Во организација на Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од 13 до 14:30 часот ќе се блокира булеварот Борис Трајковски во знак на протест против преименувањето на улиците.
Во 13.30 часот на булеварот Борис Трајковски кај УСЈЕ ќе биде дадена изјава за медиуми.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Последни новости