fbpx

Соопштенија

Заев сака методите на манипулации и фалсификати на избори, да ги примени и за пописот

Соопштение до јавноста

Секаде во светот се попишуваат граѓани кои живеат во одредена земја, само пописот по стадарди и методологија на Заев не е така. Законот за попис кој што насила го турка власта на заев не е статистичка туку пазарџиско политичка операција. Нема ниту евроспки стандарди, ниту јасна методологија. Попишувањето кое го замислил Заев е едноставно диктирање на амтични броеви кое значи фалсификат на реалноста.

 Од ова штета имаат сите граѓани, а најмногу Македонија.

Затоа власта својот политички договор кој сакаат да го прикажат како закон за попис го туркаше шверцерски и без општетствен консензус целосно игнорирајќи го тоа што го укажуваше ВМРО-ДПМНЕ и експертската јавност.

Затоа власта на Заев сака да спроведе тн попис во услови кога европски земји и земји од регионот го одложуваат. Јасно е дека Заев сака методите на манипулации и фалсификати на избори, да ги примени и за пописот.

ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на ова ќе се спротивстават и доколку насилно го изгласаат, тогаш ќе почнеме иницијатива за собирање потписи во подрачните канцеларии на Министерството за правда за носење на закон за укинување на постојниот закон за попис кој ќе биде основа за фалсификатот кој го турка власта.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости