fbpx

Соопштенија

Мерките на Заев се дотолку успешни што додека во соседството бројот на туристи и во време на КОВИД е во благ пораст, бројот на ноќевања кај нас е преполовен

Поддршка на туризмот и нови ваучери.

Очигледно дека денеска е ден за туризмот, каде незваничниот министер за туризам Крешник Бектеши, објави неколку сета на мерки за поддршка на туризмот. Прво ја презентираше Програма за развој на туризмот, која ја носи самото Министерство за економија, патем чувениот „директор“ на Агенцијата за промоција е засенет со оваа програма. Од можни 31 милион денари за промоција се наменети половина од буџетот (Агенцијата добила само бедни 11 милиони). Очигледно се превзема улогата на самата агенција во нејзиното работење и постоење, или тоа е удар за самиот прозван директор, од страна на стопанствениците за негова оставка, меѓутоа кај во нашата држава тоа е мисловна именка за оставка.
Второ се манипулира повторно со работното време на угостителите и со нивната надеж кои останаа најмногу извисени во државната помош. Министерот истрча пред самата Комисија за заразни болести и премиерот да ни соопшти „можно е“ да се дозволи да работат до 23 часот. Повторно игра со зборови.
Трето,повторно ќе се доделуваат ваучери за туризам за работници со ниски примања, кое е најавено толку помпензно од страна на мистерот и владата и повторно тоа „ама“ наводно се договараат со туристичките комори. Според анализата на самото министерство за минатата година искористеноста е само 61 процент. При тоа како што дознаваме се молело по самите угостителски објекти да ги пријават и искористат што повеќе ваучерите за да не се добие катастрофална слика. Да не навлагаме кому се се доделија и на каков начин.
За среќа, пред некој ден излезе претпсоледното соопштение од страна на Државниот завод за статистика за месецот ноември и тој буквално ја прикажува конечната слика за бројчана слика во туризмот. А таа не да е сива, туку дебело црна минусна.
Во периодот јануари ‒ ноември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е намален за 61.2 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 20.3 %, а кај странските има намалување за 84.4 %.
Во периодот јануари ‒ ноември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 47.9 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 14.7 %, а кај странските има намалување за 84.1 %.
Замислете ако толку се успешни овие мерки, па зарем немаше барем бројката на домашните туристи да биде една позитива, а ако ги погледнете статистиките на државите во соседството не само во делот на домашниот туризам туку некои и во делот на странскиот туризам се во благ пораст. Почитуван министер и директор (од директорот очекуваме барем контрареплика будејќи он многу милуваше изминатиот период да се фали со бројките, поготово за остварени приблиќно 2 милиони ноќевања), не ви чинат мерките воопшто, уште од старт ви укажавме на тоа и ви дадовме и добри сет на мерки за да не дојдеме на ова ниво во туризмот, кој за жал ќе треба во наредниов перидо од минимум 5 години повторно да го донесеме на една слаба позитива, али не да го споредувата со изминатата 2020 година, туку со претходните позитивни години, оставени од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Последни новости