fbpx

Соопштенија

Двојното зголемување на акцизата што доведува до константно зголемување на цената на горивата е државен удар на Заев врз економијата и граѓаните

Соопштение до јавноста

Народот со години ја плаќа казната за владеењето на Заев. Двојното покачување на акцизата ја намалува конкурентната моќ на економијата, но и буџетот на граѓаните.

Не се доволни покачувањата на акцизата за Заев, па на секој месец дена имаме покачување на цената на горивата од 1 до 3 денари.

Власта наместо да влијае на цените на горивата со помало или никакво зголемување, и намалување на акцизата, имаме рапиден скок на цените на горивата.

Заев ги ограбува граѓаните преку цените на енергенсите, а извршител во грабежот е РКЕ.

Заев спроведува систематски грабеж, како преку зголемените цени на горивата, така и преку зголемените цени на струјата и водата. И во целиот овој грабеж извршителот има име и презиме Марко Бислимоски, од РКЕ, партиски функционер на Заев и СДСМ.

Се додека партиски чиновници се на чело на РКЕ, се до тогаш ќе трае грабежот.

 

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости