fbpx

Соопштенија

Заев сменил член на историската комисија кој преговара со бугарската страна, дали со ова врши директен притисок како тие во иднина да одлучуваат и ги елиминира тие што му даваат отпор?

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју за Дојче Веле изрази загрижување за тоа што Зоран Заев по линија на помал отпор наместо во позитива да ги смени околностите за Македонија, тој менува член на историската комисија кој преговара со бугарската страна. Со тоа премиерот прави директен притисок врз комисијата, посочи Мицкоски.

-Она што е загрижувачки е тоа што Заев по линијата на помал отпор и неговиот свиткан ‘рбет, наместо во позитива да ги смени околностите за Македонија, тој, дознаваме дека сменил член на историската комисија кој преговара со бугарската страна. Оттука, нејасно е дали е тоа поради фактот што историската комисија одбива да ги прифати искривените, и пред се', неточни тврдења на Заев поврзани со историските факти кои се вграден дел од нашиот идентитет. Дали Заев со тоа што менува член на комисијата врши директен притисок како тие во иднина да одлучуваат? Ние како опозиција немаме детали информации за разговорите со Бугарија, а ќе споменам дека Заев одбиваше лидерска средба на оваа тема. Оттука, деталите ги добиваме од неофицијални канали и од медиумите, изјави Мицкоски  за Дојче Веле.

Околу воведувањето на посредници, односно олеснувачи во преговорите со Бугарија, Мицкоски смета тоа е повеќе од симболичен, отколку од суштински карактер. Она што е важно, е што Владата не приоѓа искрено во процесот, додава Мицкоски.

-Колку и тие да се обидуваат да кријат од јавноста, сепак останува фактот што го кажав уште пред три месеци - дека во игра е додаток на Договорот со Бугарија, било да го нарекуваат анекс, нов договор или додаток, како сакате, сепак тука се преговара директно за идентитетот. Дека има некаков анекс на Договорот е потврдено од највисоките владини претставници на Бугарија, а ако не е така, тогаш каде е демантот од Владата или нашето МНР? Нема таква работа, дециден е Мицкоски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости