fbpx

Соопштенија

Нов ден, нова лага на Филипче, сега немале соседите доволно вакцини против корона па немало и за Македонија

 Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Венко Филипче

Нов ден и нова лага на Филипче.

Додека сите без исклучок се вакцинираат, во некои држави и бираат со каква вакцина против корона, Филипче спие.

Додека сите добија веќе втора или трета тура на вакцини, во Македонија нема ни една.

Сега на ред во низата лаги на Филипче е дека не добиле доволно соседите кои му ветиле вакцини па затоа не ни дале?!

Што прави Филипче освен што секој ден смислува и кажува лаги. Очигледно само за  своите и интересите на Заев се грижи.

Неспособноста на Филипче и Заев, нивната зафатеност со корупција и криминал граѓаните ги чини живот.

Тие ја направија Македонија црна дупка.

За скоро една година од првиот случај во Македонија не направија ништо. За тоа мора да се одговара.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости