fbpx

Соопштенија

Бочварски денес им порача на граѓаните да не патуваат воопшто ако немаат пари, утре може ќе им порача ако немате за леб, копајте во контејнери

Соопштение до јавноста - реакција на изјавата на Благој Бочварски

Неспособниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски денес го навреди сопствениот народ. Тој без срам им порача на граѓаните доколку им е скапо да патуваат и да плаќаат патарини на новиот автопат Скопје - Штип нека одат по локални патишта!

Ова е бесрамното однесување на власта на Заев опиена од богатството и луксузот во кој живеат. Дури Заев јаде со златни лажици на народот му порачуваат доколку нема пари, да седи дома и да не патува никаде. По оваа логика на Бочварски, власта на сиромашните граѓани им праќа порака, ако немате за леб, копајте во контејнери или умрете.

Дно.

Власта е таа која треба да ги решава проблемите на граѓаните и да го слуша нивниот глас. Ваквото арогантно и надмено однесување на Бочварски уште еднаш покажува за каква ненародна влада води Заев која е тотално одлепена од реалноста.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости