fbpx

Соопштенија

Заев турка попис без доказ за идентификација со едноставно диктирање на матични броеви

 Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција во седиштето на партијата истакна дека премиерот на Македонија, Зоран Заев турка попис на населението без доказ за идентификација.

Вели дека, место статистичка операција туркаат политичка затоа што, и затоа прашува, дали попишувањето на македонските граѓани ќе се прави едноставно со диктирање на матични броеви, без притоа да се покаже соодветен доказ дека тие во моментов се резиденти, односно се наоѓаат на територијата на Македонија?

„Доколку оваа операција не е политичка, тогаш ВМРО-ДПМНЕ бара одговор на следниве прашања: Попишувањето е предвидено без покажување на било каков доказ и лична идентификација, да биде завршено со едноставно диктирање на матичниот број. Дали може да се случи едно лице да диктира повеќе матични броеви, без притоа да покаже соодветен доказ дека тие во моментов се резиденти односно се наоѓаат на територијата на Република Македонија?“, запраша Мицкоски.

Тој исто така ги праша претставниците на власта, ако пописот кој што го туркаат не е политичка, туку статистичка операција, тогаш зошто постои политички двоен потпис и ги повика да наведат уште неколку такви примери каде што се спроведува на овој начин попис.

Мицкоски вели дека македонската јавност не е запознаена со кои бази на податоци ќе бидат вкрстени матичните броеви со кои ќе се попишуваат македонските граѓани, а не се знае ни по која методологија ќе се попишуваат. А од друга страна Законот за попис веќе е по собраниска процедура и ќе се носи по скратена постапка.

„Велат попишаните матични броеви ќе бидат вкрстени со базите на податоци. Со кои бази на податоци? До овој момент, ниту една база на податоци не и е позната на македонската јавност, која што ќе биде користена. Понатаму, ќе се спроведува попис според методологија која што се уште официјално не е излезена во Службен весник, а денеска на дневен ред, во рамките на Парламентот се наоѓа Законот за попис, кој што претпоставувам ќе биде усвоен без претходно да биде позната методологијата по која што ќе се попишуваат граѓаните“, појасни Мицкоски.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости