fbpx

Соопштенија

За пописот потребен е сеопфатен консензус, политички монтиран попис граѓаните ќе ги чини пари

Денес на прес конференцијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека попис како статистичка операција се прави откако претходно ќе се постигне национален, општествен и политички консензус. 

„Што во овој случај изостана бидејќи во рамките на парламентарната комисиска расправа опозицијата предложи 40-тина амандмани и можете да претпоставите македонска јавност дека ниту еден од тие 40 амандмани не беше прифатен од страна на владејачкото мнозинство туку директорот на ДЗС беше благо укорен од претседавачот на Комисијата, немој да се мешаш затоа што се е веќе договорено“, изјави Мицкоски.
Мицкоски додаде дека поради КОВИД пандемијата неколку држави многу поразвиени од Македонија веќе го одложија пописот. Имено, Германија пописот планиран за 2021 година го одложи за мај 2022 година. Шкотска пописот планиран за 2021 година го одложи за март 2022 година. Ирска пописот планиран за 2021 година го одложи за април 2022 година.
„Неколку примери од соседството Романија пописот планиран во 2021 година поради КОВИД пандемијата го одложи за јуни 2022 година. Соседна Србија за октомври 2021 година, Бугарија исто така. А, во план е и Хрватска да го одложи пописот поради КОВИД пандемијата и се разбира ужасната несреќа, природна непогода која што се случи поради земјотресите во областа на градот Петриња, и така натаму има уште многу примери за кои што би можел сега да дискутирам“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека станува збор за многу поразвиени држави од Македонија но и држави од соседството кои што поради неможноста да се спроведе оваа статистичка операција истата ја одложија за една година.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Последни новости