fbpx

Соопштенија

Попис треба да има, но тој не треба да биде политички монтиран процес

Денеска на прес конференцијата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека во текот на вчерашниот ден ВМРО-ДПМНЕ имаше редовна седница на Извршниот комитет и една од точките на која што опсежно и долготрајно се разговараше беше темата за пописот на населението во Македонија.

„Она кое што беше заклучено после долгата и опсежна дискусија е следното, имено попис е потребно да има, но тоа е потребно да биде статистичка операција, а не политичка операција каква што се подготвува од страна на владејачкото мнозинство“, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека попис е потребно да има, за да може благовремено, навремено да се планира развојот на економијата, образованието, здравството, земјоделието итн. Затоа што не е сеедно да се пресметува БДП од 11 милијарди евра на политички консензуален договор на население од два милиони жители и резидентно реално население од 1.5, 1.6, 1.7 милиони жители. Затоа што тоа директно влијае врз кредитниот рејтинг на државата, а кредитниот рејтинг на државата директно удира по џебот на граѓаните, бидејќи задолжувањето кое што понатаму граѓаните полнејќи го буџетот го враќаат може да биде значително поголемо доколку статистичката операција попис е практично политичка операција каква што планира да спроведе владејачкото мнозинство.
„Попис како статистичка операција се прави откако претходно ќе се постигне национален, општествен и политички консензус“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека во овој случај изостана бидејќи во рамките на парламентарната комисиска расправа опозицијата предложи 40-тина амандмани и ниту еден од тие 40 амандмани не беше прифатен од страна на владејачкото мнозинство.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Последни новости