fbpx

Соопштенија

Previous Next

Жителите на Валандово, Дојран и Радовиш сплотени: Веднаш прекинување на преговорите со Бугарија и заминување на Заев од власт

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска протестира во 15 градови, а жителите на општина Дојран, Валандово и Радовиш масовно излегоа на улиците, барајќи оставка од Зоран Заев и итно прекинување на преговорите со Бугарија, како што велат тие запирање на понижувањата на македонскиот народ и државата.

Пред присутните во Валандово свое обраќање имаше пратеникот Дејанчо Ефтимов кој вели дека народот се буди и нема отстапки, власта и Заев мора да си заминат час поскоро за да не им се дозволи целосна распродажба на националните интереси не само на Македонците, туку и на сите граѓани кои живеат во Република Македонија.

Бараме оставка на Заев, за спас на народот и нема отстапување од ова. Недозволиво е и катастрофално однесување на оваа криминално мафијашка банда на власт да ги распродава националните и државните интереси. Тоа е срам и понижување. Мораме сите заедно да застанеме на патот на ова расипништво. Ние немаме друга држава, ако сега не ја одбраниме честа на државата и на народот, ќе бидиме понижени не само пред соседите, туку и пред цела Европа и пред целиот свет, вели Ефтимов.

На ист став е и пратеничката Ангелина Петкова, која од Дојран порача дека мора да се стави крај на сите антидржавни и погрешни политики кои ги спроведува СДСМ и Заев, како и дека без историја, јазик и идентитет нема иднина ниту за граѓаните, ниту за државата.

Никој не им дал право да преговараат за македонскиот јазик и идентитет. Никој не им дал право да преговараат за македонскиот идентитет. Само човек како Заев може да преговара за тоа. Сега сакаат и Гоце Делчев да го продаде, преговараат за распарчување на Македонија. Не обезличи и понижи, затоа мора да ставиме крај. За четири години единствено што донесе за овој народ и држава е понижување, лаги, манипулации и порази. Заев не може да донесе успех за македонската држава, затоа веднаш да си замине од владата, да не ја држи во заложништво државата и македонскиот народ, вели Петкова.

Од Радовиш, пратеникот Здравко Трајанов нагласи дека националните и државните интереси не смеат да се на продажба, повикувајќи ги и во наредните денови жителите на општина Радовиш масовно да излезат на протестите се со цел спречување на урнисувањето на македонската држава од страна на Заев.

Има работи за кои не се преговара ниту пак договара, тоа е нашата историја, јазик и нашиот македонски идентитет. Никој нема такво право, ниту пак Зоран Заев. Затоа ги повикувам граѓаните и во наредниот период масовно преку поддршка на овие протести да се спротивстави на лошите политики на Заев.

 И Граѓаните на трите општини испратија јасни пораки дека мора веднаш прекинување на преговорите со Бугарија и оставка на власта и Зоран Заев.

 

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости