fbpx

Соопштенија

Стојаноска: Позади разговорите со Бугарија се кријат и бизнис интереси кои Заев одамна им ги има ветено на нашиот источен сосед

 Соопштение до јавноста

На денешната блокада пред Министерството за надворешни работи, пратеничката и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска со стихови од песната “Заветна“ го почна своето обраќање, при што истакна дека во овој моменти кога и за време на викендот се одржувале тајни разговори во Софија, премиерот Зоран Заев сака да ја премолчи и од Македонија да се одрече.

Таа потенцираше дека и заради тоа Заев бега од јавноста и молчи, затоа што крие од народот дека разговара со источниот сосед за распродажба на македонскиот идентитет, јазик и историја.

Тоа е причина и што Зоран Заев одби да седне на лидерска средба со ВМРО-ДПМНЕ на која ќе требаше да се договорат за носење на декларација со која сите ќе се обединеја за зачувување на македонските интереси.

„Македонијо, Зоран Заев сака да те премолчи, сака да те одрече. Зоран Заев не сака да излезе во јавност и да ни соопшти за тајните разговори во Софија, овој викенд. Молкот на Зоран Заев значи дека крие од народот. Затоа ја одби и лидерската средба, затоа го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за декларација со која сите ќе се обединевме околу јазикот, историјата и идентитетот. Сите ќе се обединевме дека овие работи не се за продажба,“ рече Стојаноска.

Таа додаде дека само молчејќи, Заев може полесно да преговара за овие работи кои се суштински за македонскиот народ и, како што рече, за Зоран Заев нема не постојат црвени линии.

„Заев молчи и одбива, зошто само така полесно може да преговара за овие работи. За Зоран Заев не постои црвена линија и вели дека не ја познавал добро историјата. Замислете, премиерот не си ја знае историјата на сопствената држава.“, додаде Стојаноска.

Таа вели дека позади тајните разговори со Бугарија за отстапување од македонските национални одбележја, се кријат и бизнис интереси кои Заев одамна ги има ветено.

“Па како тогаш може истата да ја распродава, како може да изјавува дека Скопје, Куманово и Крива Паланка биле ослободени а не поробени од источниот сосед. Ова глумење на непознавање, крие и бизнис интереси. Бизнис интереси над националните. Ова само Зоран Заев го може и никој друг. А се зборува дека истово многу одамна го има и ветено.“, истакна таа.

Стојаноска додаде дека, Заев сега е ставен пред свршен чии, дека неговото доведување пред свршен чин затоа што ветувал работи за кои македонскиот народ не е известен, не треба да биде и македонскиот народ ставен пред свршен чин, и во наше име да разговара за нашиот идентитет и иднина.

„Сега е ставен пред свршен чин. Но, не може заевиот свршен чин да биде свршен чин и за македонскиот народ. Никој не не праша, никој не не извести и никој од нас не му даде за право на Зоран Заев да преговара во наше име за нашата иднина.“, констатираше Стојаноска.

Таа му посочи на Заев дека Македонија не е дрво без корен, Македонија има длабоки корени кои насила може да ги откорне и дека не може на сила да ни ја избрише меморијата и потеклото, посочувајќи му дека за ова што денес тој распродава изгинале македонски јунаци кои се минато за паметење а не за бришење.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости