fbpx

Соопштенија

Стојаноска: Денес да се собереме и да му порачаме на Заев под итно оставка и прекин на пазарот кој што го подготвува

 Соопштение до јавноста

Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денес се вклучи во емисија „Студио 10“ на телевизија 24 каде што ги повика граѓаните на денешниот протест да се приклучат за да му кажат на Заев доста е со продажбите на националните интереси, време е Заев да стане историја.

„Денес ќе правиме блокада пред Влада на Република Македонија и министерството за надворешни работи. Блокадата ќе биде со возила и ги повикуваме сите граѓани на Македонија без разлика на нивна национална, партиска припадност и сите оние кои што не се согласуваат со ова последна продажба од страна на едно лице, а тоа е Зоран Заев, да ни се придружат и заеднички да ја изодиме оваа битка. Која што е битка за идентитетот и за опстојувањето на Република Македонија како држава“, истакна Стојаноска.

Стојаноска додаде дека протестот ќе се одвива од 12:30 до 14 часот со автомобили. Се со цел да го покажеме нашиот револт и нашето несогласување со оваа продажба која што ја врши во моментов Зоран Заев за сопствената држава и за сопствениот народ“, нагласи Стојаноска.

„Како да веруваме кога само минатата недела го слушнавме Зоран Заев на едно интервју за бугарска национална телевизија каде изјавува дека Куманово, Крива Паланка не биле поробени туку напротив ослободени од нашиот источен сосед. Можеби викендот Зоран Заев веќе се има подготвено само за да стави само еден потпис и не случајно Зоран Заев не прифаќа она што ВМРО-ДПМНЕ како опозициска партија го нуди, а тоа е да се седне на една лидерска средба и да се изгласа една заедничка декларација со која ќе се каже не за прекројување на македонската историја и не за порекнување на македонскиот јазик. Јас на овие луѓе никако не им верувам, а сигурна сум дека и мноштвото на македонски граѓани не им верува и токму затоа овие протести добиваат се поголема масовност“, изјави Стојаноска.

Стојаноска посочи дека лично таа сака Македонија да отпочне датум за преговори и таа не прифаќа доколку тоа се темели исклучиво на историјата и негирање на македонскиот јазик.

„Јас сакам да верувам и лично посакувам Македонија конечно да добие датум за отпочнување на преговори, но доколку цената е менување на македонската историја и порекнување на се она што во минатото и се случувало на Македонија како  и ништење на македонскиот јазик како таков тогаш таква шанса не прифаќам, а не прифаќаат и мнозинство во Република Македонија граѓани кои се чесни и кој се осиромашени благодарение на Зоран Заев. Затоа таа шанса доколку се темели исклучиво на историјата и негирање на македонскиот јазик таква шанса не прифаќаме. Македонија мора да влезе на еден демократски начин и признаена онаква каква што е со македонски јазик и македонски јазик кој го зборува мнозинство народ во оваа држава, така и никако поинаку“, појасни Стојаноска.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости