fbpx

Соопштенија

Сочувство по повод смртта на Енвер Малиќи

 Соопштение до јавноста – Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Град Скопје

Почитувани,

Изразувамe искрено жалење и сочувство за прераната загуба на почитуваниот Eнвер Малиќи, татко, сопруг, колега, советник, заменик градоначалник на Скопје, стопанственик и конзул.

Во овие тешки моменти на голема болка и тага, се надеваме дека ќе најдете сила за утеха во значајноста на споменот и делото што зад себе го остави Енвер Малиќи.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во градот Скопје изразува искрено и длабоко сочувство до Вас, до неговото најблиско семејство, до колегите, до пријателите, соработниците во Градот Скопје, до сопартијците и граѓаните на Скопје.

Заминувањето од овој свет на заменик градоначалникот Енвер Малиќи е тажна и болна загуба за граѓаните на градот Скопје, за сите што некогаш споделиле само миг или споделиле цел живот со него.

Почивај во мир почитуван!

 

Со почит,

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Град Скопје

Последни новости