fbpx

Соопштенија

Хистеријата произлегува од СДСМ и квинслингот Заев, време е за оставка

 Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Хистеријата во Македонија ја шири Зоран Заев и СДСМ.

Зоран Заев успеа да ги стави националните интереси на Македонија на тезга.

Наместо СДСМ да пишува едно исти соопштенија нека одговори веќе еднаш за што се преговарало на тајните разговори во Софија овој викенд.

Јавноста бара да знае дали е точно дека Заев сакал да прифати ретуширана историја, откажување од јазикот и македонското малцинство.

Никој на Заев му нема дадено право да тргува со национални интереси, бидејќи тие припаѓаат на сите минати, сегашни и идни генерации Македонци и останати граѓани на Македонија.

Време е Зоран Заев да си замине од политичката сцена. Доста се предавства на Македонија. Најголемиот предавник кога ќе замине, ќе започне подобро време за граѓаните и Република Македонија.

Дојде време за оставка на Заев, слобода на народот!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости