fbpx

Соопштенија

Денес е денот кога треба да сме масовни и гласно да порачаме оставка на Заев, слобода на народот

 Соопштение до јавноста

Почитувани,

Денес е време на историски моменти.

Денес се моменти кога се одлучува за иднината на македонскиот народ, македонската нација и македонската држава.

ВМРО-ДПМНЕ бара од Зоран Заев јавно да каже за што тајно се преговараше овој викенд во Софија. Заев  продолжи за најважните работи да молчи и преговорите за идентитетот, јазикот историјата ги крие од јавноста.

Денес да излеземе заедно и да кажеме доста е на Зоран Заев. Доста ја распродава нашата историја, време е Заев да стане историја.

Денес е денот кога треба да сме масовни и гласно да зборуваме.

ВМРО-ДПМНЕ ве повикува денес (01.12.2020) масовно без разлика на политичката припадност, без разлика на верската и етничката припадност од 12:30 завршувајќи во 14 часот да се приклучиме на протестите кои што се натпартиски, обединувачки и гласно да зборуваме.

Заедно да победиме во спасот на македонската иднина и иднината на македонскиот народ. Да порачаме заедно оставка на Заев, слобода на народот.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости