fbpx

Соопштенија

Кризната состојба се злоупотребува од Заев за популизам, наместо армијата да обезбедува болници, поважно е болниците да имаат болнички кревети

Соопштение до јавноста

Почитувани,

Освен гол популизам нема конкретни мерки од кризната состојба. Заев нејзе ја злоупотребува за гол популизам, наместо за конкретни мерки.

Од првиот ден кризна состојба единствено што дознавме дека координаторот Стојанче Ангелов бара совети по ФБ, а армијата ќе се користи за обезбедување на болници.

Наместо обезбедување на болници поважно е болниците да имаат болнички кревети кои во моментот ги немаат. Пациенти во болниците спијат на под на минусни температури, за да се дојде до слободен кревет се фаќаат врски што само го опишува хаосот кој постои во здравството.

Од друга страна државното здравство крахира, а џеповите на приватните болници се  полнат додека на народот се празнат.

Затоа наместо замајување на јавноста, кризната состојба да престане да се злоупотребува и нека се донесат суштински мерки. Филипче целата работа ја сваќа несериозно и затоа мора да си поднесе оставка.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости