fbpx

Соопштенија

Филипче закопа 39 граѓани за еден ден, а Заев во кризна состојба оди на избори, одговорност мора да има!

Соопштение до јавноста

Зоран Заев прогласи кризна состојба на целата територија на државава, а Венко Филипче закопа 39 лица за едно деноноќие.

И додека прогласија кризна состојба која ќе трае 30 дена, Заев, а и Филипче со него ќе тераат избори во Штип и Пласница. А  само во Штип за последното  денононоќие има 32 нови случаи на корона вирус.

Што направија Филипче и Заев? Закопаа 1426 граѓани од почеток на кризата, наместо живот спремаат избори во кризна состојба, подготвуваат корона кланица. 

Филипче ја стави Македонија на врвот на регионалната листа по починати лица од корона вирусот.

Филипче ја стави Македонија на загрижувачко трето место од 22 земји од европскиот континент во процентот на смртни случаи од бројот на заразени граѓани.

Последнава недела во земјава умирал по еден човек на секој саат време.

Време е за одговорност, починатите не се само бројка, тоа се мајки, татковци, браќа, сестри...

Филипче, оставка веднаш!

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости