fbpx

Соопштенија

Криминално избраниот претседател Пендаровски му кажа ли на Заев дека има криминал или продолжија криминално да кохабитираат?

Соопштение до јавноста, реакција на интервјуто на Стево Пендаровски, во емисијата Трилинг на ТВ24

Дознавме дема Пендаровски по рецептот на измамникот Заев станал претседател на државата со криминал, наместо крокодилски солзи одговорност.

Целата јавност слушна дека Пендаровски дошол за претседател како резултат на купување гласови, тоа лично го кажа поранешниот Реис на ИВЗ. Нешто за што Пендаровски му се заблагодарил, и му признал дека доколку не биле тир гласово тој нема да добиел избори.

И по прознанието на Реисот наместо Пендаровски да се најде пред истражните органи, тој се шета по телевизии.

Очекуваме ЈО да почне да го практицира законот.

Според член 160 од Кривичниот законик, тој што со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин ќе спречи или друг ќе присили да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку 3 години.

Според член 22 од Кривичниот законик, ако две или повеќе лица, со учество во дејствие на извршување или со друг особен придонес кон извршувањето на делото, заеднички сторат кривично дело, секое од нив ќе се казни со казната пропишана да тоа дело.

Според член 23 од кривичниот законик, тој што друг со умисла ќе го поттикне да стори кривично дело ќе се казни како да го сторил самиот.

Пендаровски го премолче и кршењето на законите од страна на СДСМ и злоупотребата на вонредната состојба.

Пендаровски молчи и пред кршењето на Уставот во повеќе наврати.

Во Македонија имаме ситуација каде најголемата рекет афера во која директно посочен Зоран Заев, и неговиот брат Вице како луѓе кај кои завршиле парите, односно рекетираниот милион.

Сепак добро е што Пендаровски констатира дека има криминал, но што презема Пендаровски да го спречи? Му кажали на Заев или заедно продолжија заедно криминално да кохабитираат?

Со непостапување и неспречување Пендаровски станува ист како Заев.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости