fbpx

Соопштенија

Милошоски: Кој ќе има финансиска и политичка корист од богатата зделка меѓу Макпетрол и Заев, која тежи над 30 милиони евра?

Соопштение до јавноста

(Не)зависни фирми, телевизии и големи пари!?

Денес во Собранието прва точка на дневен ред е спогодбата помеѓу Владата и Макпетрол (приватна фирма) за купопродажба на дел од гасоводот, во кој досега 50% сопственик беше Макпетрол. Инаку медиумот "Телма" (ТЕЛ-евизија МА-кпетрол) е 100% сопственост на Макпетрол и важи за силно провладин медиум, кој ги релативизира крупните грешки на Заев, а опозицијата често не ја ни третира или ја претставува негативно.

Зошто? Можеби затоа што според ревизорска куќа гасоводот на кој владата ќе врши откуп чини 36.000.000€, а Заев договорил за само 50% од истиот гасовод на Макпетрол (Телма) да му плати 32.000.000€. Кој ќе има финансиска и политичка корист од оваа богата зделка, која се прави во матно време и во услови кога арбитражата сеуште трае, кога буџетот, економијата, многу медиуми и многу стопанственици се во тешка криза?

Слободата на медиумите сигурно не.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

https://www.facebook.com/137339409618867/posts/3848447515174686/

Последни новости