fbpx

Соопштенија

Гоце Делчев е еден од најсветлите ликови врз чии постулати почива современата македонска држава, ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат на денешниот протест во 18:30 часот 

 Почитувани,

           Гоце Делчев е еден од најсветлите ликови врз чии постулати почива современата македонска држава.

          Денешниот протест кој ќе започне пред министерството за правда па се до МНР е собир на кој ќе изразиме поддршка за членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев кој е нашето постоење и нашиот идентитет.

          Предочуваме за сознанија за уфрлање на поединци кои се инструирани од власта, кои ќе имаат за цел да го дискредитираат протестот со елементи на говор на омраза и изразување на ставови кои не се дел на партијата, за да подоцна се дискредитира ВМРО-ДПМНЕ.

          Однапред се оградуваме од таквите инструирани сценарија кои само им одат во прилог на структурите на власта кои ја држат државата заробена и не посакуваат напредок. Токму затоа на однапред видно одбележано место пред Министерството за правда ќе се делат пораки и транспаренти кои ќе бидат дел од протестот чија јасна цел ја кажуваме денес.

          Ве повикуваме сите во 18:30 часот.

slika

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости