fbpx

Соопштенија

Македонија заради неспособноста на Заев е црна дупка во регионот и ризик за цела Европа во однос на ширење на корона вирусот

Наместо справување со корона вирусот Заев и СДСМ само го лажат народот.

Зоран Заев и владата предводена од СДСМ зборуваат за победа во борбата против епидемијата со КОВИД-19, но секојдневно се бројат новозаболени и починати.
Додека зборуваат за победа врз корона вирусот им се случи и кластер Геријатрија Скопје, кластер меѓу најранливата категорија на граѓани.
Случај за кој мора да има истрага веднаш и резултати од истата.
Наместо истрага и одговорност, следи заташкување и лажење на народот.
Однесувањето на триото Заев, Спасовски и Филипче говори само за едно дека не се интересираат за здравјето на граѓаните.
Триото Заев, Спасовски, Филипче не направи ништо за здравјето на граѓаните во текот на шесте месеци откога е започната епидемијата со корона вирусот.
Победата прогласена од владата на СДСМ врз корона вирусот е лажна и постои само во главите на Заев, Спасовски и Филипче.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Последни новости