fbpx

Соопштенија

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром со преставка до инспекторатот за Локална самоуправа поради кршењето на деловникот и одбивањето да се ослободат аеродромци од надоместокот за градинките и услугата која не ја користат

 Соопштение до јавноста

Почитувани,

Ја информираме јавноста дека Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија во Општина Аеродром поради опструкциите на претседателката на Советот, Ивана Цветковиќ која делува како продолжена рака на градоначалникот Златко Марин, ја реализираше најавената преставка до Инспекторатот за локална самоуправа со која треба да се разгледа повредата на деловникот и самоволието кое се спроведува од актуелната општинска власт на штета на граѓаните на Аеродром.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија во општина Аеродром нема да дозволи граѓаните да бидат оптеретувани со непотребни трошоци во време на криза и пандемија.

Во таа насока советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром на 29.07.2020 година поднесе предлог за дополнување на дневниот ред на 42 седница на Советот, со цел ставање на Совет точка на дневен ред – донесување на Одлука за давање согласност за неплаќање на надоместок за трошоците во градинките што паѓаат на товар на родителот за месеците на отсуство на детето од градинка во периодот на траење на вонредната состојба и вонредните мерки.

Предлогот иако беше уредно доставен пред започнување на седницата на Советот, истиот спротивно на чл.61 од Деловникот на Советот на општина Аеродром не беше ставен на гласање од страна на претседателот на Советот.

Претседателот на советот согласно чл.61 од Деловникот морал да го стави на гласање предлогот за дополнување на дневниот ред. Со неговото не постапување согласно Деловникот претседателот на советот го ускратил правото на советниците да предлагаат нови точки на дневен ред.

Во таа насока, а бидејќи е прекршен Деловникот, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе Барање за вршење на надзор до државниот инспекторат за локална самоуправа.

Апелираме државниот инспекторат за локална самоуправа да постапи согласно закон и да ја исправи незаконитоста која е нанесена.

Граѓаните на општина Аеродром заслужуваат фер третман од институциите на локално ниво и ќе се бориме за заштита на нивниот стандард.

Со почит,

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром

Последни новости