fbpx

Соопштенија

Дали Шекеринска била консилиере или можеби контролор на операцијата Рекет?

Соопштение до јавноста - реакција на интервјуто на изјавата на Радмила Шекеринска

Шекеринска не направи ништо од ветените капитални инвестиции од 600 километри нов автопат кој што ги ветуваше во 2016. Ниту автопатот од Кичево до Охрид го изградија, ниту од Гостивар до Кичево, ниту од Скопје до Блаце. Се што кажаа излажаа, се што ветуваат пак лажат.

Но што да се очекува од Шекеринска која времето наместо за интересот на граѓаните, го трошела на седенки и состаноци со обвинетите и веќе осудени за случајот рекет, токму во периодот кога се случувало тоа. Дали Шекеринска била консилиере и советодавач? Или можеби контролор на тоа до каде е целата операција? Логични се овие прашања, со оглед на тајните средби кои таа ги имала

Едно е јасно , не била посветена да го сработи тоа што им го ветуваше на граѓаните на изборите во 2016-та година.

Шекеринска, СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости