fbpx

Соопштенија

Парите наместо кај граѓаните завршија кај Заев, преку рекет и пазарење со правдата

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Зоран Заев

Парите наместо кај граѓаните завршуваа кај Зоран Заев. Изрекетираните милиони со кои се трампала правдата завршуваа во куфери, за кои постои сведоштво дека крајна дестинација имале кај Заеви.

Наместо развој на економијата имаше метастазирање на бизнис империјата на кланот Заеви. Тендери, Лиценци, концесии, грантови и државна поддршка наместо кај стопанствениците завршуваа во партиските фирми, а на секој кој ќе им застанел на патот или бил политички неистомисленик му била палена колата, откако за тоа зелено светло ќе дадел Вице Заев. И за тоа има сведоштво.

Јавноста виде со свои очи како директорот на ФЗОМ, ден Дончев става снопчиња со пари во својата чанта, а про-рускиот бизнисмен Дака тврди дека договарал бизнис во Македонија со Заев и за таа цел исплатил 300 илјади евра и 2000 квадрати.

Сите овие докази и многу други покажуваат дека со Македонија овие три години владеела мафија, биле создавани мафијашко криминални шеми со кои се богателе мал круг луѓе околу власта, а народот и стопанството осиромашува.

Затоа Македонија е на врвот на корумпирани земји во Европа и светот, затоа Економист не вбројува во хибриден режим, затоа според истражување на УСАИД во Македонија во време на власта на Заев е направен финансиски криминал од 18 милијарди , бидејќи власта ја водеше аболициран криминалец.

Сега Заев се обидува со препакувани и надградени лаги од 2016-та да ги лаже пак граѓаните. Можеше да направи нешто за народот, но направи само за себе и за екипата околу него. Народот масовно дава поддршка на Обновата затоа што во неа препознава конкретни и реални 1000 проекти со кои се предвидува 25% повисока просечна плата и 20% повисоки пензии до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Невработеноста ќе падне под 10%, а Обнова ќе донесе и повеќе работа за младите со 0% персонален данок за млади до 29 години, инвестиции во патишта инфраструктура, најмалку 4% раст на БДП на годишно ниво и слично.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости