fbpx

Соопштенија

Костадинов заедно со Боки 13 е соучесник во рекетот на Заев

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

Костадин Костадинов и СДСМ ја повредуваат интелигенцијата на народот. Мислат дека со манипулации ќе ја дефокусираат јавноста од реалноста дека во овие три години власта на Заев создаде и заштитуваше рекетарски и криминални мрежи кои милионите евра со торби ги носеле кај Зоран и Вице Заеви, за што постои сведоштво.

Костадинов сака граѓаните при очи да ги прави слепи дека ден Дончев става снопчиња пари во торба, при уши да ги прави глуви да не разберат дека владата на Заев нудела бизнис на про-рускиот бизнисмен Дака, за што тој дал 300 илјади евра.

Граѓаните јасно видоа дека со власта на Заев нема правда и борба против корупцијата, затоа што слушавме дека правдата била трампана за 4,6 или 8 милиони евра, а Македонија во секој нареден извештај тонеше на листите за борба против корупцијата.

Костадинов, Заев и СДСМ ќе бидат казнети од граѓаните затоа што во очи ги гледаат и ги лажат. Народот ќе даде масовно поддршка на Обновата, затоа што само така ќе се стави крај на мафијата предводена од Заев која ја осиромашува Македонија

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости