fbpx

Соопштенија

Заев се богатеше со рекетирани милиони, а младите осиромашуваа и ја напуштаа Македонија

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Зоран Заев

Зоран Заев МОЖЕШЕ но ништо не направи за младите во Македонија. Тој ги изневери младите, особено оние кои ги манипулираше да одат на протести во 2016 –та година, па уште и ги пцуеше. Етер колку овој човек мисли за младите. Тој мисли само за своите бизниси и за оплодување на своите милиони евра.

Тоа што го вети во 2016 година не го реализраше. Нема ништо од студентските градови во Скопје, Тетово, Штип и Битола, нема ништо од ветеното загарантирано вработување по завршеното образование, младинската гаранција која бомбастично ја најави нема никаков ефект.

Но затоа торби со изрекетирани милиони евра фрчат низ државата и според сведоштва завршувале кај него и кај неговиот брат. 140 илјади млади живеат во сиромаштија, над 80 % од младите сакаат да заминат од Македонија, а голем дел од нив веќе го направија тоа, природниот прираст  е негативен, се помалку деца се запишуваат во училиштата и факултетите.

Се дури Заев е на власт нема иднина за младите во Македонија. Затоа тој мора да биде поразен. Затоа граѓаните, а особено младите масовно даваат поддршка на Обновата, затоа што со ВМРО-ДПМНЕ гледаат иднина и напредок во Македонија.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости