fbpx

Соопштенија

СДСМ и Љупчо Николовски длабоко загазија во криминал. Лажните вести нема да ги спасат од одговорност

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Љупчо Николовски

Љупчо Николовски, СДСМ и Заев се синоним за криминалот, корупцијата и рекетот кој овие три години царуваше во Македонија, а беше под директна заштита на власта.
Тие не направија ништо од ветувањата на изборите во 2016 година, ама затоа успеаја да создаде систем со кој изрекетирани милиони евра биле со торби до Зоран и Вице Заеви, според сведоштво дадено во суд.
Патем Љупчо Николовски не треба да се грижи за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи истото е проверувано цела година од ревизија во време кога тие беа на власт и нема утврдено никаква неправилност. Очигледна е намерата со лажни вести да се дефокусира од криминалот и корупцијата кој владее со Македонија а за кој тие се главно одговорни. Дополнително Љупчо Николовски треба да го објасни јавното сведоштво на Мери Николова Буџаку која тврдеше дека била испраќана од страна на Зоран Заев да оди во СДСМ и да си подигне толку средства колку што и требаат во периодот околу Шарената револуција. Дали Николовски како генерален секретар на СДСМ е свесен дека тоа ако го потврдат истражните органи е кривично дело и за тоа некој ќе одговара?
СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости