fbpx

Соопштенија

Економските мерки на Владата на СДСМ се класична изборна измама

Соопштение до јавноста - реакција на прес конференција на Коста Петров

Tретиот пакет мерки кои денеска го промовира пуленот на Заев, Коста Петров е класична изборна измама. СДСМ и натаму ги лаже граѓаните како што лажеше дека просечната плата ќе изнесува 500 евра, дека ќе се изградат 500 километри автопатишта и дека „Фејсбук“ и „Гугл“ само што не инвестирале во Македонија, чекаат на нас само да се промени името на државата.
Граѓаните не ја почувствуваа придобивката ниту од првиот, ниту од вториот пакет мерки на Владата на СДСМ, за третиот пакет мерки нема доволно средства во буџетот, а во предизборен период голем дело од меките согласно законите не се смее да се спроведуваат бидејќи тоа е кривично дело и тежок предизборен поткуп.
Освен евтин ПР Владата не стори ништо за спас на македонската економија, мерките ниту се навремени, ниту до крај реализирани, ниту пак доволно за помош на граѓаните во овие тешки мигови. Македонските граѓани се оставени сами на себе да преживуваат во време кога Македонија се соочува со еден од најголемите предизвици од осамостојувањето до денес.
Казната за лагите и манипулациите, неостварените ветувања доаѓа набрзо.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости