fbpx

Соопштенија

Спасовски и Димковски наместо да тераат кампања, да се ангажираат за стопанството кое тоне

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Оливер Спасовски и Трајан Димковски

Спасовски и Димковски наместо како министри се однесуваат како директори на комунални претпријатија. Денеска како да пронашле топла вода, ставаат камен темелник пречистителна станица во Карбинци, наместо да се ангажираат и да ги исплатат субвенциите за 2017,2018 и 2019 година.


Спасовски и Димковски уште непочната кампањата си тераат кампања. Наместо да одат и да поставуваат камен темелници на локални проекти, кои се работа на локалните власти нека се заангажираат за стопанството кое тоне.


Спасовски е премиер и треба да каже на што ќе се потрошат 700 милиони кои вчера ги зема владата, а за 6 години народот ќе треба да врати 870 милиони евра, иако притоа нема ниту една нова инвестиција или проект од значење за граѓаните. Едноставно СДСМ води политики од денес за утре, без да води сметка за идните генерации.
СДСМ со години ја турка државата во амбис, сега засилено тоа го прави, а во залог ја става иднината на се уште не родените деца. Потребна е итна стратегија за излез на државата од катастрофата во која што ја втурна СДСМ државата. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија.


ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Последни новости