fbpx

Прес конференции

Во општина Гази Баба ревизијата изразила неповолно мислење за објективноста на финансиските извештаи за 2019 година

 Почитувани,

Во Општина Гази Баба се утврдени нерегуларности во ревизорскиот извештај за 2019 година. Станува збор за ревизија направена во период од 14.01.2021 до 23.04.2021 година.
Ревизијата во конечниот извештај изразила неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2019 година и имаат дадено мислење со резерва за реалноста и објективноста на прикажаните состојби во финансиските извештаи и со тоа е констатирано дека не се почитуваат законите и прописите.
Во ревизорскиот извештај е наведено дека во Општина Гази Баба исплатата на прекувремени часови на вработените се врши врз основа на налог за прекувремена работа и решение на градоначалникот за секое лице поединечно.
Односно, во периодот од јануари до септември 2021 година на двајца службеници биле издавани наредби за вршење на работа преку полно работно време (прекувремена) работа и тоа првиот службеник 312 часа и вториот службеник 304 часа.
Ова постапување на претходниот градоначалник на СДСМ е спротивно на членот 117 став 2 од Законот за работните односи во кој јасно е утврдено дека прекувремената работа може да трае најмногу 190 часа годишно.
Согласно информациите, се работи за двајца службеници, за кои ревизијата утврдила дека потребата од прекувремена работа не била пријавена во државниот испекторат на трудот што е спротивно на член 117 од Законот за работни односи.
Мислење со резерва или модифицирано мислење во ревизорски извештај се изразува кога ревизорот не се согласува или не е сигурен со една или повеќе ставки во финансиските извештаи, кои се значајни но не и суштински за разбирање на извештаите.
Односно, ревизорот доаѓа до заклучок дека погрешните прикажувања, посебно или како целина, се материјални но не преовладуваат до степен кој има влијание врз состојбата изразена во финансиските извештаи во целина и кога ревизорот не е во можност да обезбеди ревизорски докази за да создаде мислење и можните ефекти од ваквата неможност врз финансиските извештаи се материјални.
Ова е само еден од многуте примери како се злоупотребувале јавните функции од страна на СДСМ. Заради ваквото раководење со локалната самоуправа, СДСМ ги изгуби изборите.
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во својот мандат ќе ја покажат вистинската страна на способната и квалитетната администрација составена од компетентни луѓе кои ќе одговораат на потребите на граѓаните.
Линк од видео материјал:
https://youtu.be/LG-d1xI5yvU

Последни новости