fbpx

Прес конференции

Стоилковски: Сите приходи на фирмата на Шилегов не му го покриваат луксузот

Почитувани,

Простата математика вели дека Петре Шилегов имотот го зголемил за речиси половина милион евра додека е тој градоначалник на Скопје. Тоа е несразмерен раст на луксузот на Петре Шилегов со неговите примања како градоначалник во овие четири години.

Неговото адвокатско друштво, каде што не работи и со кое што не смее да има договор за консултантски услуги, 2019-та година ја завршува со само 5.000 евра добивка.

Дури и сета остварена добивка за три години,  2018, 2019, и 2020-та година да завршила на сметка на луксузите на Петре Шилегов, сумата не може да ги покрие трошоците ниту за луксузните автомобили, коишто патем Петре Шилегов ги нема пријавено во антикорупциската комисија. Значи сите приходи на неговата фирма не можат да го покријат луксузот на Петре Шилегов за време на неговиот мандат.

Врвот на пирамидата на луксузирањето е надградбата и луксузното реновирање на неговата семејна зграда, за којашто надградба Шилегов нема документи. Не смее да се заборави ниту луксузната вила на Маврово која што патем е пријавена четири пати помалку од реалната вредност.

Почитувани,

Петре Шилегов нема одговор, затоа што се чувствува заштитен од институциите.

Па по изборите најавуваме дека ќе следува ревизија којашто ќе утврди:

Дали Шилегов воопшто има некаква дозвола и дали за тоа биле потребни документите кои што се менувани отпосле во Катастар, во неработен ден?

Дали компаниите коишто ја градат надградбата без дозвола имаат било каква врска со тендерите на Град Скопје за време на мандатот на Петре Шилегов?

Дали воопшто е направена било каква финансиска трансакција од Шилегов кон нив за оваа надградба и луксузното реновирање на семејната зграда, или се работи за контрауслуга?

Дали Петре Шилегов продолжил со наплаќање на услуги, забранети од ДКСК, од неговото адвокатско друштво кон него?

Почитувани,

Нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Петре Шилегов.

 

 

 

Последни новости