fbpx

Прес конференции

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог одлука за разрешување на Филипче, неговата фотелја не е поважна од одговорноста за трагедијата во Тетово

 

Почитувани,
Дозволете во мое лично име, но повторно и од името на ВМРО-ДПМНЕ, да изразам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на луѓето кои настрадаа во страотниот пожар во Ковид бараките во Тетово.
Никогаш нема да можеме да ги заборавиме трагичните сцени. Нашите луѓе, нашите граѓани не смеат да го губат својот живот во објектите каде треба да се лекуваат и да се спасат.
Животите на тие луѓе, на пациентите, но и на нивните блиски кои загинаа во Тетово, секогаш биле и секогаш ќе бидат одговорност на државата и на тие кои го менаџираaт здравствениот систем.

 
Не сакам премногу да ве потсетувам дека ние во минатото неколку пати предупредувавме дека некадарни луѓе, неспособни луѓе, го менаџираат здравствениот систем.
Дојде до таму работата што тие луѓе ја чинат Македонија огромна стапка на смртност која што е резултат на несправувањето со Ковид19 пандемијата, којашто стапка на вакцинација е највисока во Европа, задоцнета вакцинација, хаос со мерките и политизација на истите.
Почитувани,
Оставив три дена затоа што мислев дека ако се неспособни по работа, нема да бидат  толку неморални. Но тие за жал можеле да бидат и двете работи заедно.
Уште првиот ден ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од морални и функционални причини. Но, веќе е јасно дека доколку во нормални држави министрите даваат оставка поради доцнење од 5 минути на работно место, во Македонија имаме 14 изгорени тела, 14 невини жртви во болница која е надлежност на државата, министрите и Владата за жал не чувствуваат морална одговорност.
Наместо оставка поради морални причини на министерот за здравство, видовме партиски, штабски инструирана кампањата на организирано жалеше за фингираната оставка на министерот за здравство, која патем ја дал до премиерот, а не до институцијата која го избира, а  тоа е Собранието. И истата таа институција ја констатира таа оставка.
Фотелјата на Филипче не е поважна од прерано згаснатите 14-те згаснати човечки животи.
Кога знаеме дека тие кои што треба да ја имаат највеќе одговорност и морал, тие за жал тоа не го чувствуваат морална одговорност, ја молам јавноста да се насочи кон она што е поважно во овој момент, а тоа е вистината и нужноста од кривична одговорност од која не смее да има бегање.
Она коешто во овој момент не е најважно тоа е оставката на министерот за здравство таа треба час поскоро да се случи, туку одговорите на следниве прашања:
На кој начин и со каков квалитет е градена болницата? Какви биле проектите и тендерската постапка? Дали има дозвола за употреба на објектот?
Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?
Зошто роднините на пациентите се грижеле за болните и дали причината е недостаток на медицински персонал?

За да се дознае сето ова потребна е истрага, која ќе биде неутрална и објективна.

Наспроти тоа во текот на вчерашниот ден прочитавме дека Зоран Заев самиот добивал детали од истрагата и веќе не се крие дека е во постојана комуникација и координација со неговите партизирани СДСМ-обвинители.
Ова почитувани се вика заробена држава, веќе нема да бидеме хибриден режим, хибридниот режим ќе биде минато, но влегуваме длабоко во заробената држава.
Наместо истрaгата да се занимава со одлуки на Министерството за здравство и Владата на Република Македонија кои предизвикуваат смртни последици на наши сограѓани, таа истрага предводена од штабски партиски СДСМ обвинители на дневна база го информира премиерот, кој попатно е другар и бизнис партнер на министерот за здравство.
Каде е тајноста на истрагата? Кои се обвинителите кои го информираат Премиерот за истрагата? Не е ли и тој во кругот на лица за кои треба да се спроведат предистражни дејства? Знае ли Премиерот кои лица би биле сведоци во обвинителство? Ќе му ги каже ли на својот другар и бизнис партнер тие лица? Ќе влијаат ли на тие сведоци од позиција на моќ? Ќе организираат ли одбрана? Можат ли од позициите кои ги имаат да кријат и менуваат документи?
Има многу прашања и во интерес на истрагата тоа треба да биде приоритет и веднаш треба да се заврши.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ во следниот период ќе превземе повеќе чекори во насока на расчистување на оваа тажна трагедија. Дозволете ми денес да ве информирам за првиот чекор.
Даваме рок до вторник рано претпладне Министерот за здравство и неговиот заменик да ги достават своите оставки до Собранието на Република Македонија. Како би можело тие да бидат констатирани на почетокот на веќе закажаната нова седница истиот ден.
Доколку не бидат поднесени овие оставки, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, секако со понудена соработка и на други пратенички групи и пратеници, врз основа на член 184 став 1 од Деловникот, ќе поднесе до Собранието Предлог Oдлука за разрешување на министерот за здравство и заменикот на министерот за здравство.
Нема да поднесеме овој пат Интерпелации бидејќи не сакаме интерпелацијата да ја доживее судбината на изминатите интерпелации коишто беа поднесувани во минатот и никогаш повторно истите да не бидат точка на дневен ред, и практично да ја преполнат фиоката на господинот Талат Џафери. Нема повеќе простор кај него да ги крие и заштитува овие неспособни владини функционери.
Предлог одлуките за разрешување ќе биде доставени во вторник пред одржувањето на веќе закажаната седница со барање да бидат ставени токму на дневен ред на истата седница.
Штом Премиерот Заев си подигрува со Собранието и не ги доставува оставките до органот кој е надлежен, органот кој ги избрал Министерот и заменик министерот, тогаш ќе одиме по оваа процедура.
Мора да се обезбеди и гарантира независна истрага.
Линк од видео материјал:

Последни новости