fbpx

Прес конференции

Николоски: Останувам на тоа што сум го кажал и останувам на вистината, со Заев ќе се видиме на втори јуни на суд

Почитувани,

Благодарам што дојдовте, за жал денеска рочиштето во кое што Зоран Заев ме тужи за клевета во однос на тоа што го кажав и позади кое што стојам, а тоа е дека случајот „Рекет“ не опфаќаше само еден бизнисмен, опфаќаше повеќе бизнисмени и дека беа изрекетирани некаде над 20 милиони евра, значи тоа рочиште денес за жал се одложи, поради здравствена состојба на судијката. И посакувам добро здравје.

Следното рочиште ќе биде на втори јуни и се надевам дека тогаш ќе имаме можност да ги соочиме со Зоран Заев аргументите. На ова рочиште е предвидено да се случи и распит на странки, така што имајќи предвид дека јас се бранам самиот без адвокат ќе имам неколку прашања да поставам и кои што ќе бидат интересни за македонската јавност, како јас презентирам докази кои што мислам дека ќе го поткрепат ова мое тврдење.

Останувам на тоа што сум го кажал и останувам на вистината. Така што еве по однос на оваа работа ќе се видиме на втори јуни.

 

 

Последни новости