fbpx

Прес конференции

Со денес објавените мерки Заев и Филипче признаа дека свесно одеа на жртвување човечки животи за да реализираат неточен попис

 

Со денес објавените мерки, Заев и Филипче признаа дека свесно одеа на жртвување човечки животи за да реализираат неточен попис, иако знаеја дека состојбата е алармантна и дека одредени мерки требаше да се преземат многу порано. 

Паднаа во вода сите нивни тврдења дека состојбата е под контрола, дека системот е добро организиран и дека нема потреба од нови мерки, како што изјавуваа пред само една недела. 

Ова е уште еден доказ дека неспособната и криминогена власт директно ги загрозува животите на граѓаните на Република Македонија.

Последни сме во процесот на вакцинација, а први на листите на смртност. Состојбата ескалира со недели, но истата беше игнорирана за да може да го спроведат лажниот попис.

За свесното жртвување човечки животи заради политика и политизација мора да има одговорност. Граѓаните гледаат се повеќе и повеќе со какви некадарници си имаат работа. 

Секоја измината минута во која животите на граѓаните зависат од ваква неспособна и криминогена власт носи ризик за животите на сите нас.

Последни новости