fbpx

Прес конференции

Стоилковски: 300 КОВИД погреби во неделата додека Заев и Филипче летаат со хеликоптер

Почитувани,

Хеликоптерите служат за екскурзии на режимот, за кревање на рејтинг, наместо за помош на луѓе, за спасување животи, како во кратовско, каде луѓе беа оставени без помош, иако ја барале, беа оставени на раце да носат човек пет часа низ шуми, за да му го спасат животот! Хеликоптерот е евтин само за деспотот и за неговите пажови!

Толкава нечувствителност на едно место збран, немало! 300 КОВИД погреби во една недела, а пола влада аплаудира на фрлање лопати за чешми или за пазар! 300 КОВИД погреби во недела додека Заев и Филипче летаат со хеликоптер, наместо да спасуваат животи! Нечовечноста излегува на секој агол заради дезертери и криминалци посветени на лични удобства!

300 семејства погребуваа во една недела, 300 починати КОВИД пациенти за една недела! 300 за една недела!

33 во недела, 41 во понеделник, 33 во вторник, 32 во среда, 29 во четврток, 50 во петок, 45 во сабота, 35 во недела, 298 КОВИД погреби во една недела! Колкумина од нив ќе се спасеа да почнеше имунизација на време, без фантом фирми, без провизии, без лаги за склучени договори?

И повторно излажаа за почеток на вакцинацијата! Еве го резултатот за таа последна недела, 300 починати пациенти, 300 погреби,  а Венко вежба симулации!

Па што правеа до сега? Што правеше бе Венко? Немаше време за симулации заради возење мотори од по 30-тина илјади евра со газдата Заев, или заради циглање касарните на Водно?

Да имаа грам чувство, грам човечност, до сега ќе поднесеа оставки, и Заев и Филипче, и сите останати кои седат со нив на маса спроведувајќи го режимот!

Почитувани,

Режим по дефиниција подразбира нечовечност, но ваков режим, ваква одлепена власт, ваква бесрамност, ваква бруталност, и нечовечност, Македонија не заслужила! Македонија е згрозена од режимот.

 

 

Последни новости