fbpx

Прес конференции

Митева: Бучковски и Георгиевски, луѓето на Заев, јасно го покажуваат нивниот анационален став за срамниот предлог кој се коси со правото на државност

Почитувани,

Специјалниот претставник на македонската Влада за Бугарија, господинот Бучковски и покрај сите спорни прашања се обидува во јавноста да рефлектира напредок и оптимизам за можно решение на спорот до крајот на годинава.
На темата за која Георгиевски излезе јавно, Бучковски изјави дека за истото се разговарало меѓу нив уште пред тој да биде именуван за специјален претставник на Владата. Дополнително, со изјавата ја подготви јавноста дека предлогот на Георгиевски заслужува внимание и аргументирана расправа.
Цитирам: „Нам ни треба подготовка на домашната јавност за темите кои ќе се наметнат во периодот кој претстои, а тоа се темите за заедничката историја“. Понижувањата не престануваат.
Двајцата клучни луѓе на Заев, едниот како коалиционен партнер, а другиот повереник за спорот со Бугарија со тезите кои ги пласираат во јавноста јасно го покажуваат нивниот анационален став за срамниот предлог кој се коси со правото на државност. Акцискиот план се уште не и е познат на јавноста, но доволни се сигналите кои ги добивме од ваквите политичари за да ни стане јасно што се крие зад најавениот оптимизам.

 

 

.be

 

Последни новости