fbpx

Прес конференции

Афера „Коруптографија“: Филипче направил набавка за томографи, откако се поништил огласот првиот пат и елиминирала конкуренцијата, вториот пат е платено 15 милиони денари поскапо

 

Планот за корупција кој го најавува Владата е обично парче хартија кое треба да го покрие вистинскиот криминал и корупција која и понатаму се случува.

Последните 4 години власт покажа дека е мајстор за многу афери, рекети, пари во готово кои се ставаат во торба и наместо да имаме реална акција, имаме само некакви планови на хартија, а државата е највисоко ниво на корупција во Европа.

Сега и за суштината, еве една задача денес за делување на истражните органи и на самите таканаречени борци против корупција, на чело на оваа коруптивна равенка која што денеска ќе ја соопштиме е министерот за здравство господинот Филипче, кој што веројатно омилениот кадар на премиерот Заев.

Се работи за тендер кој што отвора сомнеж за системска корупција во здравството при набавка на томографии.

Набавката за томографија се претвора во нова афера наречена коруптографија на министерот за здравство, а се однесува на болниците во Кавадарци и Гевгелија.  

И еве кој бил вистинскиот приоритет на министерот Филипче додека трае драмата за набавка на вакцини,  зад завесата се случува уште еден сомнителен тендер овој пат со набавка на томографи за потребите на двете споменати болници Кавадарци и Гевгелија.

Она што е драматично воочливо е  што се поништува првиот пат јавната набавка на томографи, се елиминира конкуренцијата од преостанатите 7 фирми  преку нарачана интервенција на Управата на Бирото за јавни набавки и двете набавки ги добива само една фирма.

Разликата е во тоа што првиот пат цената на чинење на тендерите за два томографи е 21 милион денари, а по поништувањето вториот пат тендерот чини со томографите и составните елементи  36 милиони денари. Односно 15 милиони денари повеќе за истите томографи, за истата набавка, но овој пат само со една фирма во игра која што го добива монополот.

Наместо на Заев и Филипче приоритет да им биде набавката на вакцини во  декември минатата година и во февруари оваа година, приоритет им била набавката на томографи, поништување на тендер и истиот да го добие фирма со зголемена цена од 15 милиони денари.

Тоа покажува дека во здравството нема вакцини, но има големи сомнежи за корупција, и набавката на томографи во Кавадарци и Гевгелија е со еден од показателите дека корупцијата во здравството игра значајна улога.

За да биде сомнежот поголем фирмата која што на вториот тендер ги добива двата томографи самата учествувала на првиот тендер со пониски цени. Се работи за фирмата Кубус Медикал која што според јавно достапни информации во изминатите три години од Министерството за здравство има добиено тендери во висина од прилика од 5 милиони евра.

Имено за што станува збор, министерството за здравство распишува јавна набавка за апарати за томографи за Кавадарци и Гевгелија, при што победник на првиот тендер е предвидено да биде оној правен субјект кој што ќе понуди најниска цена. Вкупната сума за двата апарати изнесува 36 милиони денари, вкупната предвидена цена. Учествуваат 8 компании во првиот натпревар во декември  2020 година, победник за набавката на едниот апарат е КУБУС МЕДИКАЛ со понуда од 8.500.000 денари, а втората набавка ја добива другата компанија со понуда од 12.400.000 денари.

Ова се случува ден пред Нова година, потоа интервентен упад прави Управната контрола на Бирото за јавни набавки, ја поништува јавната набавка наводно заради не поднесени Ц сертификати од страна на сите компании, а не им дава никаков рок на компаниите да го обезбедат овој Ц сертификат кој многу лесно се добива доколку се укаже дека е потребно да се корегира документацијата.

На втори февруари ова година повторно се организира нова јавна набавка при што власти укажуваат дека единствено право за учество на двата тендери има само компанијата „ Кубус Медикал “ . Овој пат за истите томографии за кои и првиот пат „Кубус Медикал“, ги понудила за цена од осум ипол милиони денари, вториот пат ги понудува по цена од дванаесет милиони и четиристотини илјади денари. И вториот томограф исто така е набавен за шестнаесет милиони денари, односно за речиси пет милиони денари поскапо по однос на првото наддавање. Се набавуваат и два составни делови на овие томографи коишто чинат два милиони и четиристотини илјади денари и разликата е во тоа што првиот пат во тендерот цената на чинење била дваесет и еден милион денари, а по поништувањето на овој тендер, вториот пат за истите томографи, државата преку министерството за здравство плаќа триесет и шест милиони денари, односно петнаесет милиони денари повеќе.

Тоа значи дека имаме целосно елиминирана конкуренција од страна на министерството за здравство, управната контрола се користи како алиби за поништување на првата поефтина набавка и втората набавка при елиминирана конкуренција го користи една фирма чии цени одат до плафон, односно петнаесет милиони денари поскапо од првата набавка на томографи.

На крај стои потписот на министерот за здравство, прашањата кои се поставуваат за оваа афера би рекол „коруптографија“ е зошто управната контрола ја поништува јавната набавка и нема дозволено сите фирми да обезбедат Ц сертификат ? Како мое да се набават за 15 милиони денари поскапи томографи, односно први првата набавка истите да чинат 21 милион денари, а при втората набавка истите да чинат 36 милиони денари, само затоа што конкурира една фирма, со временска разлика од само два месеци?

Затоа сметаме дека со ваквата набавка на томографи министерството за здравство, очигледно е дека го има „местено“ тендерот за да го добие една фирма со многу поскапа цена од 15 милиони денари од првиот пат.

Ова покажува дека во реалните набавки во Владата, корупцијата е еден од системите на функционирање, додека Владата во исто време предлага некакви хартии за борба против корупцијата.

.be

Последни новости