fbpx

Прес конференции

Стопанството во Битола се соочува со тешки проблеми, владата зема 2 милијарди заеми, а тие пари не се стигнати кај фирмите

Интегрален текст од изјава за медиуми на Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денес во Битола остваривме средба со претставниците на Стопанската комора, и да видиме кои се состојбите. За жал состојбите не се охрабрувачки. Гледаме дека стопанството во Битола се соочува со тешки проблеми.

Мислиме дека изминатиов период тие најавени 2 милијарди евра кои владата ги зема, се задолжи и ги потроши, за жал не покажуваат ефекти во стопанството. Што не доведува до заклучокот, дека она што го кажа вицепремиерот за економски прашања дека 350 милиони евра се само искористени во стопански цели, додека другите веројатно се искористени во непродуктивни или коруптивни цели, а не во интерес на стопанствениците или вработените.

Цениме дека Битола во моментов се наоѓа на маргините на невниманието на локалната и на централната власт и доколку се продолжи со ова невнимание и запоставување на општината може да има уште поголеми и потешки последици од стопански аспект, но и поголемо иселување, а бирото за вработување да ја зголемува бројката на невработеност.

Последни новости