fbpx

Прес конференции

Стојаноска: За 24 часа Заев смени став, прво се плашеше од многу вакцини, за потоа да каже дал налог за набавка на истите кои не му требаа, а починати од корона има повеќе од 3.000!

Почитувани,

На лагите на Заев им нема крај.
Ама токму тие лаги, таа неспособност и незаинтересираност на Заев и Филипче чинат животи.
Заев е единствен политичар кој кажал толку лаги во врска со набавка на вакцини.
Заев е единствен политичар кој не направил ништо за да набави вакцини против корона.
Единствено е шоуто при преземање на нешто повеќе од четири илјади дози на вакцини од Србија.
И продолжува играта со лаги, единствен терен на Заев и Филипче.
Прво вели не ни требаат уште вакцини ќе се доведеме во ситуација да има премногу вакцини, да има неколку милиони?!
Второ, за 24 часа истиот тој Заев вели дадов налог за набавка на руски вакцини.
Дополнително на сето ова, Заев и Филипче во декември минатата година одбиле руски вакцини?!
Одбиле вакцини, а немале договорено тајминг за никакви вакцини.
Ова не е прашање на погрешни проценки, ова е веќе прашање на немање проценки. Ова кажува дека во главите на Филипче и Заев се само провизиите.
И во сите земји вакцинацијата против корона стартуваше крајот на декември, во Македонија крајот на февруари.
И бројката на заболени повторно почна да се зголемува. Бројка на починати надмина три илјади.
За ова виновни се Заев и Филипче!
За ова Заев и Филипче треба и мора да одговараат!

 

.be

 

 

Последни новости