fbpx

Прес конференции

Стоилковски: СДС монструозно на пензионерите им скрати 10,5 милијарди денари за една година, ги залажува со 134 денари

 Интегрален текст од прес конференција „Коментар на денот“ на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Македонија не памети поголеми политички манипулатори од актуелната власт. Замислете ги убедуваат пензионерите дека им ги зголемувале пензиите! За колку? За 185 денари и уште пострашно оние најзагрозените добиваат плус 134 денари! И тоа се дува на сите нивни фанфари! 

Нема срам кога станува збор за монструозните политичките поени на СДС. Јагода Шахпаска како ниеден министер до сега за труд и социјална политика, ја навреди интелигенцијата на над 310.000 пензионери, со раст на пензии од неполни 200 денари. И тоа во моменти кога речиси 55.000 работници останаа на улица заради блескавата економија на СДС, и на многу семејства пензиите им се единствениот извор за преживување.

Всушност, СДС ја намали пресметката за пензии со тоа што наместо растот на пензиите да ги следи растот на трошоците за живот и растот на просечната плата, направи пензиите да се усогласуваат само по растот на трошоците на живот минатите месеци, па сега всушност пензиите се усогласуваат со цените од пред шест месеци. Срамно!

Пресметката вели дека иако е криза просечната плата има некаков раст во Македонија, а согласно тој раст и четирите пресметки, односно усогласувања на пензиите досега, СДС реално на секој пензионер му има скратено во просек 2.800 денари месечно!

Ајде тоа да го помножиме по 12 месеци, а потоа по 310.000 пензионери, па трака ќе добиете сума од 10 милијарди 416 милиони денари, или за полесно, речиси 170 милиони евра за една година! Ете толку СДС монструозно им скрати на пензионерите! СДС монструозно на пензионерите им скрати 10,5 милијарди денари за една година, а ги залажува со 134 денари, раст на пензиите.

Фактите и бројките се немилосрдни, дури и понемилосрдни од СДС! Секогаш кога се на власт удираат по џебот на граѓаните, особено на пензионерите, и намерно ги туркаат кон сиромаштија. Зошто? За наместо реален достоинствен живот, да ги редат пред банките и да ги понижуваат за онаа наводна помош во време на криза! Пензионерите знаат дека тоа не е помош, туку само дел од украдените пари од нив!

Последни новости