fbpx

Прес конференции

Мицкоски: Заев е јасно дека во преговорите со Бугарија го распродава идентитетот

Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Господине Мицкоски кој е вашиот став како партија околу преговорите со Бугарија за кој не се открива речиси ништо и околу најновата изјава на Захариева Македонија да не се надевала на подобри работи после изборите во Бугарија туку  дека можело полошо да биде?

Одговор:Видете од она коешто е јасно а кое што македонската јавност може да го види е фактот дека се распродава македонскиот идентитет и ние тоа го зборуваме уште во октомври месец дека на маса се услови кои што немаат никаква врска со претходно потпишаниот договор за пријателство. Затоа што тоа се услови директно кои што претставуваат негирање на македонскиот идентитет. Од октомври месец кога прв пат на македонската јавност и соопштивме дека практично се преговара за нешто што не е дел од договорот па до денес, цело време сето тоа кое што го тврдевме беше негирано од страна на владата од Османи од Заев од Димитров и од останатите но гледаме дека таков документ постои наречете го нон пејпер наречете го роунд мап или патокас наречете го анекс наречете го како сакате наречете го но фактот е еден дека станува збор за документ во кои што се дефинирани нови услови кои што ние треба да ги прифатиме меѓу кои она што зачудува е да политичари и меѓувладини комисии дискутираат за бизниси замислете за железници за автопатишта, за  телекомуникации, за банки и така натаму и дополнително се дискутира за македонскиот национален идентитет. Секој оној кој што денеска политичар ви вели и ви дава одговор дека не се дискутира лаже и манипулира со македонската јавност. Да на маса покрај бизнисот што е за мене несфатливо како политичар е и македонскиот идентитет. Ја повикувам владата ги повикувам и Зоран Заев и Бујар Османи и Никола Димитров да го покажат документот со 12 точки. Македонската јавност не ги гласаше и на оние наместени, украдени мафијашки избори на 15 јули за да тие си играат со иднината на граѓаните и со иднината на македонскиот идентитет. На ова држава и треба конструктивна власт и затоа ги повикувам на разум веднаш да излезат со документот и да го покажат, да се охрабрат на дебатата во Парламентот кој што ја организира пратеникот Милошоски и да се појават и да дискутираат пред пратениците и пред македонската јавност. Доколку нема што да кријат, доколку не распродаваат тогаш ајде господа охрабрете се излезете пред македонската јавност и отворете ги картите. Доста е криење, доста е лажење, доста е манипулирање.

 Прашање: На последната ваша прес конференција одовде порачавте дека низ неколку чекори ќе ја рушите актуелната власт, прво беше интерпелацијата на вицепремиерот за евроинтеграции, но очигледно е дека тие чекори некако барем од ваша страна тешко одат и би можело тоа да остане некако како најава зашто ниту интерпалацијата до сега не е стигната во Собрание. Што планирате во наредниот период околу тие идеи и дали во тој предлог ВМРО-ДПМНЕ за поништување на законот за попис би стоело и евентуално кога би се одржал според вас попис?

Одговор: Најпрвин за првиот дел од вашето прашање не е точно дека не е стигната интерпелацијата. Интерпелацијата е потпишана и е стигната во рамките на Парламентот, поднесена е, а врз основа на информациите кои што ги имам од вчерашниот ден од пратеничката група веќе следната или неделата потоа ќе биде на дневен ред во рамките на Парламентот и ќе може да се дискутира за интерпелацијата на Димитров, така што очекуваме во најскоро време веќе следната недела истата да биде ставена на дневен ред. Според најавите кои што до мене стигнаа во текот на вчерашниот ден. Што се однесува до другите чекори рековме дека ние внимателно ги планираме нашите чекори и внимателно чекориме. Сите оние кои што мислат дека треба да сме брзоплети, емотивни и циркузантски да се однесуваме на политичката сцена тоа не доликува на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и ВМРО-ДПМНЕ го интересираат исклучиво државните интереси, интересите на граѓаните, така што во периодот кој што следи ќе биде македонската јавност и граѓаните сведоци на чекорите кои што ќе бидат превземени од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Прв таков чекор е интерпелацијата за Димитров кој што ќе повторам очекувам  следната или седницата потоа да биде ставена на дневен ред на некоја следна собраниска седница. Околу датумот за попис најпрвин да почекаме бидејќи првиот наш апел е веднаш денеска да биде повлечен. Да почекаме, а потоа ќе ја конципираме иницијативата. Иницијативата ќе биде претходно на прес конференција поделена до новинарите, до јавноста а потоа ќе биде поднесена до подрачните единици на Министерството за правда.

Последни новости