fbpx

Прес конференции

Кочев:Богдановиќ да одговори до каде е кулата за прочистување на воздухот што им ја вети центарци

 Интегрален текст од изјава за медиуми на Александар Кочев

Почитувани

Општина Центар е една од најзагадените општини во Република  Македонија.

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ на центарци им вети дека ќе изгради кула за прочистување на воздухот во висина од 7 метри, а која има капацитет да го прочисти воздухот за 30,000 метри кубни.

Со оглед дека рокот за изградба на оваа кула е 2021 година, а за 1 месец завршува 2020 година би сакале да дадеме поддршка во пуштањето на употреба на овој револуционерен патент и да се вброиме во светските градови кои веќе ја имаат оваа кула.

Почитувани,

Бидејќи градоначалникот Богдановиќ си ги исполнува своите ветувања во изградба на капиталните проекти во општини Центар го повикуваме да каже каде и на кое место ја изгради кулата за прочистување на воздухот која им ја вети на жителите на Центар се со цел подобрување на квалитетот на воздухот за поголема заштита на животната средина.

 

Последни новости