fbpx

Прес конференции

Стојаноска:Власта манипулира за амандманите за Деловникот,токму таа е деструктивецот во Собранието

 Интегрален текст од изјава за медиуми – Дафина Стојаноска, заменик – координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ најостро ја демантираме изјавата на координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, во врска со поднесените амандмани на Предлогот за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Собранието.

Имено, овие амандмани кои што колегата Митрески ги спомена во својата изјава, потенцирам, НЕ СЕ АМАНДМАНИ ПОДНЕСЕНИ ОД СТРАНА НА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е срамен обид на СДСМ и нивните пратеници за манипулирање и дефокусирање на јавноста од нивниот насилнички и недемократски метод набрзина да ги изгласаат измените на Деловникот кои поради нивното тенко и нефункционално мнозинство очајно им се потребни. Нагласувам, единствен виновник за ваквата состојба е токму СДСМ и нивното тенко мнозинство, а не ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата.

Нашите амандмани кои што се поднесени претставуваат реакција на она што власта го прави и демонстрира во Собранието. Овие амандмани се наш одговор на нивното непочитување на опозицијата, неуставноста, избегнувањето на дијалогот и пронаоѓањето на консензус во врска со ова законско решение за измена на Деловникот.

Оттука, ние како пратеници ги прашуваме колегите од СДСМ, дали е штетно, неодговорно и несериозно нивното однесување кога во текот на вчерашниот ден, на Комисијата за финансирање и буџет, го одбија нашиот амандман за бесплатно тестирање за КОВИД на сите граѓани на Република Македонија?

Ова е класичен доказ кој работи против интересите и на штета на здравјето на граѓаните, а кој искрено се грижи и бори за нив во овие тешки мигови. 

Се’ друго што СДСМ го зборува е чиста манипулација и очаен обид да се исперат од нивната неспособност и негрижа за граѓаните.

А кога станува збор за деструктивното, антидржавното и антинародното однесување, СДСМ тука е неприкосновен.

Потенцирам, токму колегите од СДСМ се тие кои што со недели одбиваат да дискутираат во врска со македонско – бугарските односи и распродажбата на се’ што е македонско од страна на нивниот шеф Зоран Заев. 

 Македонската јавност и граѓаните видоа и слушнаа кој е гробарот на македонштината, а кој е на браникот на татковината.

И токму за ова недржавничко однесување, СДСМ, Зоран Заев и екипата околу него, многу скоро ќе ги добијат одговорот и казната од народот. 

Последни новости