fbpx

Прес конференции

Заев лажеше дека има писмени гаранции за датум, дали и колку бизнис концесии има ветено и кон Бугарија?

Интегрален текст од прес конференција на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Ветото на Бугарија на нашите евроинтеграции има име и презиме, тоа е Зоран Заев. Тој се коцкаше со македонските национални интереси, се коцкаше со идентитетот, со народот, односно играше ол ин и загуби.

Не загуби само тој, загуби целиот македонски народ, заради неговото коцкање.

Заев три години ветуваше дека го заштитил идентитетот, јазикот и народот, дека добил писмени гаранции за датум за почеток на преговори и што ли уште не.

Но, тој лажеше бесрамно и затоа замолувам да  погледнеме едно видео каде што го лажеше целиот македонски народ.

Зоран Заев во очи ги гледаше граѓаните и ги лажеше и се уште ги лаже. Но, веќе се е кристално јасно, нема повеќе кого да лаже. Поразена е неговата патлиџан дипломатија и свиткана кичма. Македонија со Заев е оставена на ветрометина. Нема ни црвени линии, ниту бетониран идентитет, ниту датум. Оттука постојат отворени сомнежи дека Заев за да се заштити влегува уште подлабоко во своето пазарџиство и нути се што може да понуди.

Прашуваме, дали освен идентитетските прашања, за кои и самите потврдија дека ги тргувале во Берлин, на маса се и други концесии кои Заев ги ветувал на одредени структури во Бугарија?

Кои се тие концесии?

Дали е точно дека Заев ветувал на одредени луѓе, дека на патот кон ЕУ, како дел од цената за обезбедување поддршка од бугарската влада ќе биде и директна продажба на одредени државни удели во државни институции кои треба да преминат во капитал на бугарски бизнисмени, удели за кои и најавија продажба од самата Влада на Зоран Заев јавно на медиумите?

Тука повторно и денес би ги потенцирал делот кој го поседува Владата на Македонија во Телеком, железничкиот транспорт, ТЕЦ Неготино, Македонски пошти и уште неколку државни компании?

Заев после сите лаги, после целото пазарење и коцкање со идентитетот, после сите порази на Македонија во надворешната политика изгуби секаков легитимитет.

Поради Заев, Македонија само губи, а ништо не добива. Затоа Заев, Димитров и целата влада треба да си поднесат оставка, а Република Македонија да добие нова влада за национален спас, кој ќе ја извади од ќор-сокакот во кој ја доведе Заев и целата негова влада.

 

Последни новости